Прајс: Русија го негира правото на Украина да постои, големите земји не смеат да се изживуваат со помалите
Русија се обидува да го негира правото на Украина да постои и да диктира каква надворешна политика треба да води, големите земји не смеат да се изживуваат со помалите, порачаа синоќа од Стејт департментот.
-Што се однесува до руската агресија против Укриана, тоа што е во игра на пример е дека Русија се обидува да го негира правото на Украина да постои, ја диктира украинската надворешна политика, избор кој треба и мора да го прават само Украинаците, изјави Прајс.
Уште еднаш укажа на заложбата на САД за „помош на Украина толку време колку што е потребно“,
-Но во крајна линија ние се придржуваме до поредокот заснован на правила. Станува збор за базичните норми кои лежат во основата на Резолуцијата на ОН, на Декларацијата за човекови права на ОН, во основата на меѓународното право.
-Ако на Русија и биде дозволено без контрола да ги оспорува овие права во Украина, тогаш другите земји во светот ќе добијат лиценца за такво оспорување во други региони, рече Прајс.
-Сметаме дека кога поредокот заснован на правила е под закана во едно место, тој е под закана насекаде… големите земји не смеат да се изживуваат со помалите, тие имаат суверено право да ја одредат својата иднина, партнерства, сојузи и аспирации, додаде тој.
-Затоа е важно Соединетите Држави да покажат решителност заедно со десетици други земји од целиот свет кои не само што застанаа на страната на Украина, но и го подржуваат системот на ОН, Резолуцијата на ОН, меѓународното право, Декларацијата за човекови права на ОН.
Прајс се повлекува од функцијаа портпарол на Стејт департментот и синоќа го даде последниот брифинг. Негова привремена замена ќе биде заменикот портпарол Ведант Пател.