Првите големи бранови ги погодија бреговите на Хаваи, објави гувернерот: „Видовме значително повлекување на водата“

Пацифичкиот центар за предупредување од цунами објави дека првите бранови, како резултат на цунамито, почнале да го погодуваат подрачјето на Хаваите.

Предупредувањето, рекоа тие, може да трае со часови и нагласија дека најголемите последици допрва треба да дојдат.

„Треба да се преземат итни мерки за заштита на животите и имотот“, рекоа тие.

Највисокиот бран измерен досега од страна на Тихоокеанскиот центар за предупредување од цунами беше 1,21 метар над нормалното ниво на океанот и беше регистриран во Оаху, Хаваи.

Во најновото соопштение од Управата за вонредни состојби на островот, луѓето се предупредени да останат надвор од зоната за евакуација до понатамошно известување.

Гувернерот на Хаваи, Џош Грин, исто така зборуваше за ситуацијата.

„Досега не видовме таканаречен голем бран, но видовме значително повлекување на водата. Ќе бидат потребни барем уште два или три часа додека сè не биде „чисто““, објасни тој.