Први слики од младенците! Теа Таировиќ му го кажа судбоносното „да“ на Иван на брегот на Дунав: Сјае во кристали (фото)
Теа Таировиќ денеска се омажи за Иван Вардај а романтичната церемонија се одржа на брегот на Дунав, во нејзиниот роден Нови Сад.
Свадбата се одржа на островот Рибар, под луксузна цветна купола, во присуство на 120 гости – членови на семејството, пријатели и најблиски соработници.

Тео до олтарот била придружувана од нејзиниот татко, а
откако го кажала судбоносното „да“ , паднала во прегратките на својот избраник.
Пејачката решила да го додаде презимето на сопругот на своето.
Венчаницата, изработена од бела свила и кристали, рачно ја изработи дизајнерот Бојан Петровиќ, кој и- го подари фустанот на Теа. Иван блесна во класичен црн смокинг со машна.
Двојката сакаше нивната венчавка да биде интимна, па меѓу малкуте присутни колешки беа присутни само Барбара Бобак и Сања Вучиќ.

– ,,Ова е посебен ден за мене и Иван кој ќе го паметиме засекогаш. Им благодариме на сите што ја разубавија нашата венчавка, како и на медиумите за разбирањето“, рече Теа.