Преговорите за влада се при крај, новиот кабинет ќе има 20 министерства

Мицкоски ги поднесе измените на Законот за реорганизација на Владата. Новиот кабинет ќе добие 4 нови министерства и ќе брои вкупно 20.

Секретаријатот за европски прашања прераснува во министерство.

Новина ќе биде и отворањето на Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, што досега беше само секорот во Министерството за економија. Агенцијата за млади и спорт ќе прерасне во Министерство за спорт, секторот млади ќе стане дел од Министерство за социјална политика и демографија. Ресорот труд ќе влезе во Министерството за економија и труд, од каде секторот туризам ќе премине во министерството за култура.

Покрај министерство за администрација, ќе се форимира и ново за дигитална трансформација.

Индиректно Мицкоски потврди дека веќе има обезбедно дво третинско мнозинство за поддршка на овој закон, кој очекува да биде донесен до средината на идната недела.

Носењето на овој закон е последниот чекор за формирање на новата влада. Министерските ресори и директорските места се веќе договорени, но Мицкоски ниту денеска не откри конкретни имиња. Потврди дека утре ќе го добие мандатот од претседателката Силјановска Давкова.

По добивањето на мандатот Мицкоски ќе има рок од 20 дена до Собранието да го достави составот и програмата за работа на владиниот кабинет. Новата влада се очекува да биде избрана до крајот на месецов.