ПРЕМИЕР ЛИГАТА Е ПРЕД ИСТОРИСКИ МОМЕНТ – Во сабота љубителите на фудбалот ќе бидат сведоци на нешто кое досега е невидено
Натпреварот меѓу Вулверхемптон и Тотенхем кој се игра в сабота од 13:30 часот во рамките на 12. коло од Премиер лигата ќе биде историски за англискиот шампионат. Имено, играчите ќе се загреваат на теренот со камери закачени на и под дресовите, а таа снимка ќе биде емитувана пред натпреварот, пишува Daily Mail.
Медиумите „од островот“ пишуваат како сето тоа треба да изгледа. TNT Sports и Премиер лигата направија историска зделка, се наведува во текстот со објаснување дека по еден играч од двата тима ќе носи камера за време на загревањето.
Тоа ќе биде врвна употреба на ваква технологија на терените во Премиер лигата и ќе им го доближи искуството на гледачите на сосема поинаков начин. Фудбалерите на Астон Вила и Њукасл веќе одиграа еден натпревар со камери на нив, но тоа беше во рамките на турнејата низ САД. Меѓународниот комитет на фудбалски асоцијации моментално ја забранува нивната употреба на официјални натпревари.