ПРЕСТИЖНИОТ ФРАНЦУСКИ „LE FIGARO“ ГО НАЈАВИ ПРИСТИГНУВАЊЕТО НА ВУЧИЌ ВО ПАРИЗ: Макрон ќе ја потврди посветеноста и поддршката за европската интеграција на Србија

Престижниот француски „Фигаро“ го најави доаѓањето на српскиот претседател Александар Вучиќ во Париз, каде ќе се сретне со Емануел Макрон.

Во текстот со наслов „ Макрон во понеделник во Елисејската палата ќе го прими српскиот претседател Александар Вучиќ “, се наведува дека францускиот претседател ќе ја потврди својата посветеност и целосна поддршка за европската интеграција на Србија.

Повикувајќи се на соопштение од Елисејската палата, „Фигаро“ наведува:

„Претседателот Макрон ќе ја потврди својата посветеност и целосна поддршка за европската интеграција на Србија“, како и дека „нормализацијата на односите со таканареченото Косово е составен дел од процесот на пристапување во ЕУ“.

„Фигаро“ додава дека двајцата претседатели ќе разговараат и за зајакнување на билатералната соработка во областа на одбраната, енергетиката, иновациите и вештачката интелигенција.

Според најавата на францускиот весник, Макрон и Вучиќ треба да се обратат пред новинарите околу 20:00 часот, а потоа и свечена вечера.

Српскиот претседател Александар Вучиќ на 8 април ќе престојува во Париз каде ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон. Оваа средба меѓу Вучиќ и неговиот француски колега е од исклучителна важност за Србија и во стратешка смисла, една од најважните посети во последните 35 години. Покрај очигледното политичко значење, оваа средба ќе има и огромна економска тежина, мерена во десетици милијарди евра.