„Централното претседателство на политичката партија Алтернатива утревечер ќе одржи состанок. На средбата се очекува да се разгледа соработката со Движењето Беса“, изјавија за МИА од Алтернатива.
„Централното претседателство на Алтернативата утревечер ќе се состане и ќе дискутира за следните чекори на соработка со Движењето Беса. Првите контакти даваат надеж дека првата соработка ќе биде во рамките на Собранието, додека за деталите ќе ве информираме по завршувањето на средбата“, велат од Алтернатива.
Алтернатива во февруари годинава одлучи да излезе од владината коалиција, откако Алијансата за Албанците донесе одлука да и се приклучи на Влдата.