Приватните лекари специјалисти од денеска штрајкуваат

Приватните лекари специјалисти од денеска најавија генерален штрајк. Причина за штрајкот, како што беше најавено во четврток преку соопштение, е тоа што и покрај протестот одржан на 27 март и средбата со министерот за здравство Илир Демири на 2 април, нивните барања се уште не се исполнети.

„На средбата со министерот за здравство ни вети дека нашите барања ќе бидат изнесени на следната седница на Владата. По средбата со министерот, на 3 и 9 април се одржани две седници на Владата на кои, според информациите од јавен карактер на Владата, во ниту една не било разговарано за нашите барања“, се наведува во соопштението.

Затоа, како што се додава во известувањето испратено во име на приватните специјалисти на Универзитетите за медицински науки „Кирил и Методи“ и „Гоце Делчев“, тие се принудени да го направат следниот чекор, од денеска да се приклучат на генералниот штрајк.

Од таму порачаа дека штрајкот ќе трае се додека не се исполнат нивните барања.