– Четириесет луѓе се приведени од сплитската полиција пред, за време и по саботниот дуел од квалификациите за ЕУРО2024 меѓу фудбалските репрезентации на Хрватска и Велс на стадионот „Пољуд“.
Како што соопшти полицијата, лицата се приведени поради нарушување на законите за јавен ред и мир.
Полицијата наведе дека не се регистрирани други инциденти.
Натпреварот од трибините на стадионот „Пољуд“ во Сплит го следеле 32.000 гледачи, од кои 1.900 гостински навивачи од Велс.
Натпреварот заврши со резултат 1-1.