– Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола, вчера во 18.30 часот, го лишиле од слобода А.М.(39) од Битола.
Како што информираат од МВР, тој се сомничи дека во периодот од 27 февруари до 2 март одзел повеќе предмети од рудникот Суводол на РЕК Битола.
А.М. бил задржан во полициска станица и со него бил извршен службен разговор, при што го признал делото. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.