Во близина на Железничката станица Браилово, полициски службеници од СВР Битола – Полициско одделение Ропотово, деенска го привеле Ц.М. (32 г.) од Прилеп.
Тој бил затекнат како со патничко возило „Фолксваген Шаран“ без регистарски ознаки, превезувал нежигосани огревни дрва и без соодветна документација.
„Возилото и дрвата биле одземени за понатамошна постапка, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.