Приведен 31-годишен скопјанец поради кражба на возило

 Полициски службеници од СВР Скопје синоќа го лишиле од слобода Е.А.(31) од Скопје.

Како што информира МВР. Е.А. се сомничи дека на 14 овој месец во 23 часот, во скопското село Сарај одзел патничко возило „шкода фелиција“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на О.Љ.(51) од село Љубин, општина Сарај.

Лицето р задржано во полициска станица, а возилото е пронајдено и вратено на сопственикот.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.