Привремениот двомесечен премин, Стрезимир-Рестелица, ќе биде отворен утре

Привремениот граничен премин Стрезимир – Рестилица, на македонско-косовската граница, ќе биде отворен за граѓаните на двете земји утре, 25 јули.

„Граничниот премин помеѓу Република Косово и Република Северна Македонија е означен како „Стрезимир“. Овој премин е од категорија Ц. Граничниот премин означен со оваа одлука е привремен граничен премин, отворен за патен сообраќај од 25.07.2025 до 25.09.2025 година, помеѓу 08:00 и 20:00 часот“, соопшти косовската полиција.

Граничниот премин се наоѓа во Луковската рамнина, во триаголникот Македонија-Албанија-Косово, поточно на заедничката гранична линија меѓу Македонија и Република Косово.

Како привремен премин, овој премин официјално стана оперативен во август 2003 година и се користеше од март до октомври од 7 до 19 часот. Сепак, поради несоодветна патна инфраструктура, фреквенцијата беше минимална, по што беше целосно затворен.

Со заложби на градоначалникот на Маврово и Ростуша, Медат Куртовски, граничниот премин, кој е на територијата на оваа општина, е отворен за патници и возила во текот на летниот период од 2018 година.

За преминувањето ќе важат истите правила како и на другите гранични премини, т.е. документ за идентификација, пасош или лична карта.