Принцот Вилијам вечерва ќе и се обрати на јавноста на хуманитарна гала. Се очекува тој за прв пат да зборува за дијагнозата на рак на неговиот татко, кралот Чарлс III.
Принцот од Велс јавно ќе ја потврди болеста на неговиот татко во говор на годишната гала за собирање средства на лондонската воздушна амбуланта.
Се очекува и Вилијам да им се заблагодари на донаторите и да зборува за она низ што помина кралското семејство во последните денови.
Сепак, тој нема да зборува за врската меѓу него и принцот Хари , а исто така не планира да се види со својот брат додека е во посета на Британија, пишува Дејли Мејл.
Потсетуваме дека принцот Хари дојде во Лондон да го посети својот татко. Војводата од Сасекс патувал повеќе од 9.000 километри од својот дом во Калифорнија до Лондон на средбата, која траела само 45 минути.
Ова ќе биде прво појавување на Вилијам откако Кејт Мидлтон отиде во болница на операција на абдоменот.
Принцот Вилијам последен пат бил виден пред клиника во Лондон откако ја посетил сопругата на 18 јануари, а таа ќе биде надвор од очите на јавноста барем до Велигден.