ПРИФАТИ ПОМАЛА ПЛАТА, НО СЕПАК ГО ПРОДОЛЖИ ДОГОВОРОТ – Диего Симеоне останува лојален на Атлетико Мадирд до 2027 година

Аргентинскиот фудбалски стручњак Диего Симеоне (53 г.) го продолжи договорот со Атлетико Мадрид до 2027 година, соопшти шпанскиот клуб.

Диего Пабло Симеоне ќе остане тренер на нашиот клуб до 30. јуни 2027 година. Аргентинскиот тренер потпиша нов договор, со што го продолжи континуитетот на проектот кој започна со неговото доаѓање на клупата на црвено-белите во декември 2011 година“, соопшти Атлетико Мадрид.

Диего Симеоне го предводеше Атлетико Мадрид на рекордни 642 натпревари, освојувајќи осум трофеи, вклучувајќи две шпански првенства (2014, 2021) и две европски лиги (2012, 2018). Во Лигата на шампионите двапати стигна до финалето, но двата пати беше поразен (2014, 2016), двата пати од Реал Мадрид.

На 642 натпревари кои ги има на клупата, Диего Симеоне оствари 380 победи и само 18% порази.

Атлетико Мадрид не ги прецизираше бројките за новиот договор, но според шпанските медиуми, Диего Симеоне прифатил намалување на платата која моментално изнесува околу 16,5 милиони евра годишно.

„За да растете, потребна ви е стабилност, а за да имате стабилност ви требаат резултати, а Диего Симеоне досега е синоним за резултати“, изјави извршниот директор на Атлетико Мадрид, Мигел Анхел Гил Марин за шпанските медиуми.

Пред да го преземе тимот од Мадрид, Диего Симеоне беше тренер на Расинг Клуб, Естудијантес, Ривер Плата, Сан Лоренцо и Катанија.