Причината за агресијата на НАТО! Лазански не се двоумеше да каже зошто фабриките биле нивна цел (видео)
Мирослав Лазански, српски новинар и амбасадор на Република Србија во Русија, почина на 4 август 2021 година, но многумина сè уште се сеќаваат на неговите анализи од сферата на одбраната и геополитиката.
Лазански еднаш рече дека во 1999 година, за време на агресијата врз Сојузна Република Југославија, НАТО ги таргетираше фабриките за воена индустрија кои веќе имаа профитабилни зделки со странски клиенти.
– Урнете ги тие фабрики, тендерот се поништува и западните фабрики добиваат работа – изјави еднаш за ТВ Пинк.
Лазански рече и дека секој воен конфликт зад себе има економски интерес.