ПРОГЛАСЕН НАЈДОБАР РЕСТОРАН ВО СВЕТОТ ЗА 2023 ГОДИНА – Не е многу далеку од нас, а еве каде ги имаат најдобрите специјалитети во светот
Неодамна најдобрите ресторани во светот ги прогласи Tripadvisor, компанија која се занимава со патувања и прегледи на угостителски објекти. Победата ја освои ресторанот „Bougainville“ во Амстердам. Така, доколку вашето патување ве однесе во Амстердам, ќе знаете каде треба да одете за вкусно јадење.
„Ise Sueioshi“ во Нишијазабу, Токио, е втор најдобар ресторан на глобалното рангирање, а по него е ресторанот „Old Stamp House“ во областа Лејк. Инаку, овој ресторан од Велика Британија минатата година беше на првото место.
Број еден во САД е „Le Bernardin“ лоциран во Њујорк, кој го зазеде 23-то место на светската листа. Ниту еден ресторан од австралискиот континент не влезе во топ 25. Ресторанот „Bougainville“ со златен медал има повеќе од 260 оценети критики со пет ѕвезди на Tripadvisor.
Погледнете ја деталната листа на најдобрите ресторани според Tripadvisor:
- „Bougainville“, Амстердам, Холандија
- „Ise Sueioshi“, Јапонија
- „The Old Stamp House Restaurant“, Велика Британија
- „Maison Medard“, Франција
- „Ristorante Villa Crespi“, Италија
- „Avartana“, Индија
- „Akira Back“, Бангкок, Тајланд
- „Paul Ainsworth at No. 6“, Велика Британија
- „PIC“, Франција
- „Sachi Heliopolis“, Египет