Основниот кривичен суд Скопје денеска им го продолжи притворот за 30 дена на петмината осомничени во случајот за убиството на 14-годишната Вања Горчевска од Скопје и 74-годишниот фризер Панча Жежовски од Велес.
Како што се наведува во соопштението на Основниот кривичен суд, Кривичниот совет на тој суд им ја продолжи мерката притвор на осомничените, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје.
Како што се додава, предлогот за продолжување на мерката притвор е прифатен за В.М, В.К и Б.В, за кои постои основано сомнение за сторени две кривични дела убиство и две кривични дела грабнување, како и за А.Г. осомничен за кривично дело киднапирање.
Предлогот за продолжување на мерката притвор за 30 дена е прифатен и за С.Д., осомничен дека му помагал на сторителот во извршувањето на делото, во врска со бегството на првоосомничениот, кој моментално се наоѓа во екстрадиционен затвор во Турција, се додава во соопштението на судот во Скопје.
Љупчо Палевски, првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панчо Жежевски, беше уапсен на 5 декември во Турција откако по него беше распишана меѓународна потерница.
Нему му е одреден 40-дневен притвор во затворот Баликесир во Турција, соопшти на 29 декември македонското Министерство за правда.
Како што се додава, турското Јавно обвинителство во писмо испратено до македонското правосудство истакна дека Палевски е приведен за да се овозможи негова екстрадиција во Северна Македонија.
Малолетната Вања Шорчевска и фризерот Панче Жежовски од Велес, кои беа пријавени за исчезнати на 27, односно 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември.