Пронајдена е сопругата на Милош! Шефот на УКП откри каде се наоѓа сегашната сопруга на Салахудин Жујовиќ: Одземени ѝ се сите уреди (фото)
Шефот на Управата за криминалистичка полиција (УКП), Нинослав Чмолиќ, денеска изјави дека црногорската полиција ја уапсила сопругата на Милош (Салахудин) Жујовиќ, кој вчера беше неутрализиран при нападот на жандармите пред израелската амбасада.
– МВР на Црна Гора брзо стигна до сопругата на Милош, одземени и’ се сите електронски уреди и таа ќе биде кривично гонета. Потребна ни е поддршка од целото општество кога станува збор за тероризмот. Граѓаните треба да имаат доверба во државата и полицијата. Ги преземаме сите активности за да го одржиме редот и мирот и да ги заштитиме нашите граѓани – рече Чмолиќ.
Потсетуваме, Жујовиќ вчера околу 11 часот пред Амбасадата на Израел во Белград со самострел го застрела во вратот припадникот на Жандармеријата Милош Јевремовиќ (34) .
Милош Јевремовиќ (34), припадникот на Жандармеријата кој беше ранет од напаѓач со самострел, вчера бил опериран во Ургентниот центар, каде му била извадена стрелата од вратот и тој е во стабилна состојба.
Во текот на вечерта и утрото полицијата уапси неколку соработници на Жујовиќ, меѓу кои и Игор Деспотовиќ (25), кој веќе е осуден за планирање терористички напади во Србија.
– Утврдено е дека Жујовиќ и Деспотовиќ биле „на телефон“, односно дека долго време разменувале пораки во кои договарале терористички напад, кој Жујовиќ го извршил вчера – изјави извор на српакиот портал Курир запознаен со случајот, додавајќи дека во телефоните на Деспотовиќ и Жујовиќ ја нашле својата комуникација.