ПРОНАЈДЕНИ ЦРНИТЕ КУТИИ И ДОКУМЕНТАЦИЈА – Истражниот комитет на Русија соопшти нови детали за падот на авионот на Евгениј Пригожин: “Ќе се проверат сите можни верзии!“

По падот на авионот, во регионот Твер се пронајдени 10 тела, а се вршат молекуларни генетски тестови за идентификација на жртвите, соопшти прес-службата на Истражниот комитет на Русија.

Инспекторите ги пронашле црните кутии, предмети и документација на авионот важни за утврдување на причината за несреќата во која животот го загуби лидерот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин.

Како што се наведува од страна на руските медиуми, ќе биде наредено вештачење, а деталната истрага на местото на настанот продолжува.

Сите можни верзии за тоа што се случило ќе бидат проверени во текот на истрагата“, се наведува во соопштението, пренесуваат руските медиуми.

Евгениј Пригожин
Оддавање почит кон Евгениј Пригожин од страна на неговите поддржувачи во неговиот роден град

Да потсетиме, првиот човек на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин, беше убиен во средата. Авионот во кој се наоѓал се урнал во регионот Твер додека летал меѓу Москва и Санкт Петербург. На снимката објавена на Интернет очигледно се гледа како малиот авион влече по облак чад пред да удри во земјата и да се запали.

Водечкиот истражувачки новинар за руски прашања, Христо Грозев, пред само 10 дена даде изјава во која прецизираше дека во рок од шест месеци или Евгениј Пригожин ќе умре или ќе се случи нов државен удар во Русија.

Лидерот на Вагнер, Евгениј Пригожин и стана познат на пошироката светската јавност по улогата на неговата платеничка група во војната во Украина.