ПРОПАДНА МИСИЈАТА КОЈА ТРЕБАШЕ ДА ДАДЕ ОДГОВОР НА СИТЕ ПРАШАЊА !? НАСА со месеци не може да го добие клучниот материјал кој ќе ја открие тајната на потеклото на Земјата
Најтешката задача на НАСА во последните неколку месеци е да отвори контејнер со вселенски карпи и прашина што падна на Земјата од астероидот Бену. Вселенската агенција се бори да отвори контејнер со клучен материјал кој ќе овозможи увид во потеклото на нашата планета.
Материјалот се уште останува заглавен во резервоарот на роботскиот механизам „TagSam“ („Touch-and-Go Sample Acquisition Mechanism“), а агенцијата ги нема потребните алатки за да го отвори. Во септември, фрагменти од астероидот, кој се приближува до Земјата на секои шест години, беа внимателно спуштени во пустината Јута.
Поминаа два месеци откако НАСА се бореше со пристап до овој вселенски материјал и се чини дека мисијата вредна 1,6 милијарди долари е во застој. „TagSam“ бил прикачен на главното тело на неговото вселенско летало „OSIRIS-Rex“ за време на собирањето примероци од астероидот.
Леталото беше лансирано во 2016 година и стигна до астероидот Бену во декември 2018 година. Петминутното спуштање на „TagSam“ на површината во 2020 година собра материјал, а во мај 2021 година започна враќањето на леталото на Земјата.
Во моментов, членовите на мисијата внимателно вршат поправки преку специјализиран оддел за да спречат контаминација. Два од 35-те затворачи на главата на „TagSam“ не можат да се отстранат со алатки кои моментално се одобрени за ракување со контејнерот, што ги спречува експертите да го извлечат примерокот.
Тимот успеал да собере 70,3 грама камења и прашина надвор од главата на „TagSam“. Сепак, повеќето остануваат заглавени. Првичната анализа на примерокот открива изобилство на јаглерод и молекули на вода, што ја поддржува теоријата дека „градежните блокови“ за живот пристигнале на Земјата преку астероид.
НАСА привремено ги запре обидите за отворање на контејнерот во ноември и сега развива и тестира нова алатка за безбедно извлекување на примерокот. Се очекува да биде во употреба на почетокот на 2024 година.
Бену е мал астероид чија големина, со радиус од 262,5 метри, е споредлива со нешто поголемата Ајфелова Кула во Праиз или „Емпајер Стејт Билдинг“ во Њујорк. И покрај неговата големина, астероидот може да обезбеди клучни информации за историјата на нашиот Сончев Систем и потеклото на животот на нашата планета. Таа претпоставка произлегува од сомнежот дека Бену се одвоил од поголем астероид богат со јаглерод пред 700 милиони до две милијарди години.
Планот на НАСА е да го одвои и измери собраниот примерок, дистрибуирајќи ги парчињата до меѓународните научници. Глобалната соработка ќе ги бара примероците за амино киселини, кои се основните хемикалии во нашиот генетски код, липиди кои се користат во клеточните мембрани и видови на шеќери кои се неопходни за структурата на ДНК.