ПРОРУСКИ ПРОТЕСТ ВО СРЦЕТО НА ЕВРОПА – На улиците во Прага, илјадници луѓе излегоа против прозападната политика на Владата: “Со нас владеат агенти на странски сили!“
Илјадници приврзаници на проруската чешка опозициска партија се собраа во саботата во Прага на протест против централнодесничарската Влада, критикувајќи го нејзиниот економски менаџмент и воената поддршка за Украина.
Протестот го организираше движењето ПРО, кое не е застапено во парламентот и има националистичка, проруска и антизападна насока.
Медиумската агенција CTK проценува дека на протестот се појавиле 10.000 луѓе, што е помалку отколку на сличен настан минатата година, кој се случи за време на најголемото поскапување на енергенсите во Европа.
Еден од организаторите на настанот, Јиндрих Рајхл, пред демонстрантите на плоштадот во Прага порача дека Владата на премиерот Петар Фијала е окупирана од „агенти на странски сили“, луѓе кои извршуваат наредби, едноставни марионети:
„И јас повеќе не сакам марионетска Влада“, нагласил тој.
Тој нагласи дека Чешка треба да стави вето на секој обид на Украина да влезе во НАТО.
Чешка во моментов е близок сојузник на Украина, испраќајќи тенкови, ракетни фрлачи, хеликоптери, артилериска муниција и друга опрема за да им помогне на украинските сили да се спротивстават на руската инвазија.
Јиндрих Рајхл ја поздрави националистичката политика на унгарскиот премиер Виктор Орбан како модел и повика на сојуз на централноевропските земји против Брисел.
Тој, исто така, ја изрази својата поддршка за поранешниот словачки премиер Роберт Фицо, кој зазеде силен антизападен став пред изборите на 30. септември.