Проститутка се заљубила во руски олигарх, и ја дознала болната вистина за животот полн со пари! Овој филм е апсолутен победник на Оскарите!
Филмот „Анора“ освои пет награди на синоќешното доделување на Оскарите.Филмот „Анора“ освои пет Оскари на 97. доделување на Оскарите што се одржаа во неделата во Лос Анџелес. Овој филм, со Мајки Медисон во главната улога, освои најмногу награди таа вечер.
Режисерот Шон Бејкер, кој е познат по своите филмови за животите на маргинализираните групи, донесе модерна верзија на „Убава жена“ со нови ликови.
„Анора“ беше номинирана за шест Оскари, вклучувајќи ја и најважната награда, најдобар филм, во конкуренција со филмовите „Бруталист“, „Целосно непознато“, „Конклава“, „Сè уште сум тука“, „Супстанција“, „Дина: Втор дел“ и „Момци од никел“. На крајот, таа ја освои оваа престижна награда.

Филмот следи млада егзотична танчерка која влегува во врска со син на руски олигарх и наскоро сфаќа дека богатството не е она што таа го замислувала.
Овој филм е продолжение на серијата филмови на Бејкер за проститутки, по „Црвената ракета“ од 2021 година и „Проектот Флорида“ од 2017 година.
„Анора“ освои пет од шест награди на Оскарите , во следните категории:
-Најдобар филм
-Најдобра актерка (Мајки Медисон)
-Најдобар режисер (Шон Бејкер)
-Најдобра монтажа
-Најдобро оригинално сценарио (Шон Бејкер)
Единствената награда што филмот не ја освои е за најдобра споредна машка улога, а Јура Борисов победи во оваа категорија.