Проституцијата во оваа земја цвета! Врските се „нарачуваат“ и преку веб-страницата: 20 минути чини 100 евра
Проституцијата во Швајцарија е легална и повеќе придонесува за економијата отколку производството на сирење.
Сексуалната индустрија на Швајцарија и’ носи повеќе на економијата на земјата отколку нејзиното познато производство на сирење, а луѓето кои ги користат овие услуги можат да ги платат исто толку лесно како да нарачаат такси.
Повеќе од два милиони луѓе го посетуваат вториот по големина град – Женева, од кои многумина се привлечени од градските бордели каде жените позираат на излозите во ништо друго освен во долна облека. И во Цирих, изградени се структури за сексуални односи за да се обезбеди безбедна и дискретна средина за сексуалните работници и клиентите подалеку од станбените области. Проституцијата е легална во оваа земја, а веб-страниците им нудат на клиентите низа сексуални услуги со кликнување на едно копче.
Отворена е веб-страница за резервации наречена „Saferchoice“ наменета за сексуалните работници кои не се во бордел, со надеж дека нејзината технологија за верификација ќе ги заштити со тоа што ќе бара клиентите да обезбедат идентификација и фотографија. Развивачот на веб-страницата, идентификуван само како Арик, за The Sun изјави: „Знаеме од нашето истражување дека жените често се оставаат во несигурни ситуации кога клиентот лошо се однесува на различни начини. Оние што ја гледаат страницата можат да видат само заматени фотографии додека не се регистрираат или да го порврдат телефонскиот број. За да можат да го видат целиот профил, корисниците мора да го потврдат својот идентитет, со лична карта и фотографија.
На корисниците им се испраќа QR-код 15 минути пред состанокот, па сексуалните работници можат да проверат дали тоа е вистинската личност. Кодот се менува на секои 15 секунди за да ги спречи клиентите да го испратат на некој друг. Само кога двете страни ќе потврдат дека состанокот поминал добро, сите зачувани информации се бришат. Арик рече: „Важно е сите да се чувствуваат заштитени. Платформата им дава поголем дофат на сите и им олеснува на провајдерите да одбијат клиент“.
Се** индустријата, за која се смета дека вреди 2,9 милијарди фунти, забележа огромен раст на посетителите во последниве години, а Британците се меѓу најголемите клиенти. Во еден бордел, каде клиентите плаќаат 100 швајцарски франци (100 евра) за 20 минути секс. Роиманската девојка Андреа за Sun изјави: „Британците се толку добри, би сакал да можам да ги гледам почесто“. Каталина, менаџерка во бордел, вели: „Имаме многу англиски момци. Тие обично се малку пијани, но сепак добри. Тие можат да бидат малку срамежливи кога станува збор за воведување девојки и избор на една. Честопати само ќе одат за првата или за најубавата. Мислам дека се навистина нервозни“.