ПСЖ во своите редови го доведе португалскиот напаѓач Гонсало Рамос

 – Францускиот шампион Париз Сен Жермен (ПСЖ) во своите редови го доведе португалскиот напаѓач Гонсало Рамос од Бенфика на заем за една сезона.

„Париз Сен Жермен со задоволство го објавува доаѓањето на Гонсало Рамос. Дваесет и двегодишниот португалски репрезентативец се вклучува на заем со опција за откуп до крајот на сезоната“, се вели во соопштението на францускиот клуб.

Минатата сезона Рамос постигна 27 гола на 47 натпревари за лисабонскиот клуб Бенфика.

Тој постигна три гола против Швајцарија во осминафиналето на Светското првенство на ФИФА 2022 во Катар што Португалија го доби со резултат 6:1.

Летово ПСЖ, кој го ангажира Луис Енрике како главен тренер, веќе ги доведе дефанзивците Милан Шкринијар и Лукас Ернандез, играчите од средниот ред Марко Асенсио, Мануел Угарте, Ли Канг-ин и Чави Симонс и напаѓачот Хуго Екитике.