ПСИХОЛОШКИ ТРИК КОЈ ВИ ПОМАГА ДА ЈАДЕТЕ ЗДРАВО: Пред да одите во шопинг, направете една работа, заштедете пари
Погледнете го трикот како да купите поздрава храна.
Дали сакате да трошите помалку пари а притоа да бидете фит? Науката има одговор на ова прашање. Во повеќето случаи, многу луѓе јадат нездрава храна бидејќи претпочитаат да купуваат нездрава храна како што се индустриски грицки, газирани пијалоци и слично. Истражувањата покажаа дека можеме да одолееме на купување нездрава храна ако го направиме следново пред да одиме во продавница, пишува Inside Science .
Купувачите кои грицкаат здрави грицки пред да се упатат во нивната омилена самопослуга или супермаркет, прават поздрав избор кога ќе се најдат меѓу полиците. Ова е заклучокот од студијата спроведена од д-р Анер Тал од „Food and Brand Lab“, пишува научното списание „Psychology & Marketing“.
Испитаниците биле поделени во три групи: едната јадела парче јаболко пред да оди на шопинг, другата бисквит, а третата отишла на празен стомак. Истражувачите откриле дека оние кои јаделе јаболка купувале 28 отсто повеќе зеленчук и овошје од оние кои грицкале бисквити и 25 отсто повеќе од оние кои не јаделе ништо, пренесува Вечерњи.
Слични резултати добија и истражувачите од друга студија кои на клиентите им дадоа чаша чоколадно млеко пред да одат во продавница. На едната група ѝ кажале дека е здраво млеко, а на другата дека е чоколаден пијалок. Оние кои мислеле дека пијат нешто здраво, избрале и поздрава храна во продавницата.
„Што и да ве натера да размислувате поздраво, без разлика дали се работи за здрава храна или нешто друго, може да влијае на вашите одлуки за купување“, заклучува д-р Тал.