Пукање во Лондон, има мртви и ранети! Лекарите не успеаја да ја спасат жената, еден од повредените е во критична состојба, прва снимка од местото на злосторството (ФОТО, ВИДЕО)
Лондонската полиција започна истрага за пукање во северозападниот дел на градот во кое една жена беше убиена, а двајца мажи беа ранети.
Скај њуз јавува дека полицијата била информирана дека пукањето во кое цел биле овие три лица се случило синоќа околу 9.15 часот на Гифорд Роуд во Харлсден.
Една жена, за која се верува дека има околу 40-те години, била пронајдена ранета и покрај напорите на итната медицинска помош да ја спаси, таа починала на местото на пукањето.
Се вели дека ранетите се на возраст од 30 години.
Еден од нив е пренесен во болница во критична состојба, додека повредите на другиот не се опасни по живот.