ПУТИН ЗА УКРАИНА: До 2014 година не ми падна на памет дека може да избие конфликт

До 2014 година, ниту јас, ниту многу други луѓе не можевме да замислиме дека може да избие конфликт во Украина, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

„Многу луѓе, возрасни, образовани луѓе, талентирани луѓе, тие, како и јас, до 2014 година не ни помислувавме на можноста за конфликт меѓу Русија и Украина.

Да ми кажеа тогаш дека е можно такво нешто, ќе реков: ти си луд. Но, дозволувам луѓето да не следеа, не разбраа што се случува и секако, меѓу другото, секој има право на свој став, гледна точка“, рекол Путин.