Путин му објави и финнансиска војна на Западот! То јѝ се заблагодари на Азија, а потоа заклучи: „И покрај сè, сепак сме единствени лидери“
Во Санкт Петербург е во тек Меѓународниот економски форум, а на него пред медиумите и јавноста се обрати претседателот на Русија, Владимир Путин.
Нему на подиумот му се придружија претседателот на Зимбабве Емерсон Мнангагваис и боливискиот претседател Луис Алберто Арсе Катакора.
Тој во својот говор истакна дека е меѓу водечките светски сили за воспоставување на суверенитет и продолжи на потребата земјите да воспостават партнерства за да се справат со актуелните светски економски предизвици.
„И покрај сите пречки и нелегитимни санкции, ние сè уште сме еден од светските економски лидери. Пријателските земји, оние кои не се приклучија на санкциите, сочинуваат три четвртини од трговскиот промет на Русија и јас ги пофалувам за тоа“, рече Путин.
Некои земји, вклучувајќи ги Индија и Кина, ги зајакнаа економските врски откако Путин ја започна својата агресија против Украина.
Путин објави „војна“ на западните валути
Меѓу другото, Путин рече дека Русија мора да ја зголеми употребата на незападните валути и дека неговата земја треба да го намали увозот.
„Трговијата со Азија расте, а речиси две петини од руската надворешна трговија е во рубљи, додека уделот во долари, евра и други западни валути е намален“, им рече тој на присутните делегати.
„Ќе се обидеме да го зголемиме уделот во валутите на земјите од БРИКС, кои ги вклучуваат Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка “, рече Путин.
„Минатата година уделот на плаќањата за рускиот извоз во таканаречените „токсични“ валути на непријателските земји беше преполовен, додека учеството на рубљата во извозните и увозните трансакции расте, денес се приближува до 40 отсто“, заклучи Путин.