СЕДМИОТ пробен лет на вселенското летало Starship, проект на компанијата SpaceX, заврши со губење на леталото по низа технички тешкотии. Летот, кој започна ветувачки, вклучуваше тестирање на голем број надградби, вклучително и поголеми резервоари за гориво, нов компјутерски систем за летање и надградена авионика.
Леталото успешно се одвои од ракетниот засилувач Super Heavy и ги вклучи шесте мотори, но проблемите започнаа околу пет минути по одвојувањето, кога откажа еден од внатрешните мотори. Во следните неколку секунди откажаа и други мотори.
Success is uncertain, but entertainment is guaranteed! ✨
— Elon Musk (@elonmusk) January 16, 2025
pic.twitter.com/nn3PiP8XwG
До осмата минута од летот, речиси сите мотори престанаа да работат, а контролниот тим на SpaceX ја изгуби способноста да го контролира леталото. Десет минути по лансирањето, беше потврдено дека Ѕвездениот брод е изгубен.
Овој неуспех доаѓа по неколку успешни тестови кои овозможија контролирани слетувања во Индискиот Океан. Иако резултатите беа разочарувачки, SpaceX потврди дека искуството од овој лет ќе помогне да се усоврши технологијата за идните мисии.
Holy crap!!!! This is a view of Starship breaking up from an airplane!
— Lincoln (@MobofJoggers) January 17, 2025
pic.twitter.com/KteXEfvuWS
Мешање во воздушниот сообраќај
Flightradar24, онлајн веб-страница посветена на воздушниот сообраќај, објави на социјалните мрежи дека ги пренасочува авионите во областа каде што беше уништен Starship.
After SpaceX Starship’s rapid unscheduled disassembly, our most tracked flights are all aircraft holding or diverting to avoid any potential debris. https://t.co/CzXnD5YvZg pic.twitter.com/4FTa4zI24V
— Flightradar24 (@flightradar24) January 16, 2025
Социјалните мрежи се преплавени со објави за наводните остатоци од авион кој паѓа над Карибите.
Се огласи и SpaceX
SpaceX објави детално резиме на успесите и неуспесите на денешниот пробен лет.
Во соопштението од 420 зборови на својата веб-страница , компанијата призна дека оваа мисија е дизајнирана да „го подложи редизајнираниот и надграден Starship на ригорозна серија демонстрации на летови“.
„Овој лет служеше како потсетник дека развојното тестирање по дефиниција е непредвидливо“, се вели во соопштението.
Компанијата потврди дека изгубила контакт со вселенското летало „Старшип“ околу осум и пол минути по летот и дека „задниот дел на леталото се развил пожар“, што довело до експлозија или, како што го нарекува SpaceX, „ненадејно непланирано распаѓање .
Остатоците од вселенското летало паднале „во Атлантскиот Океан во однапред дефинирани опасните зони“, соопшти компанијата.
Сепак, Федералната управа за авијација (FAA) потврди во е-пошта до CNN дека активирала „Површина за одговор на остатоци“ по експлозијата на Starship. Ваква постапка се презема само доколку отпадот падне надвор од зоните затворени за воздушен сообраќај, се вели во соопштенијата на агенцијата.
„Експлодираше над Бахамите“
Џонатан Мекдауел, астрофизичар и астроном од Центарот за астрофизика Харвард-Смитсонијан, спроведе анализа за да се обиде точно да одреди каде би можело да експлодира вселенското летало Starship на SpaceX.
Според неговата анализа на траекторијата, „ненадејното непланирано распаѓање“ – како што го нарекува SpaceX – „се случило над Бахамите, а остатоци поминале над островите Туркс и Каикос неколку минути подоцна на надморска височина од приближно 75 милји“, напиша Мекдауел во порака до CNN.
„Отпадот најверојатно паднал неколку минути подоцна во морето северно од Порторико и Британските Девствени Острови“, додава тој.