– Ракометарите на Еурофарм Пелистер со пораз се враќаат од Нови Сад каде вечерва во рамки на првото коло од ракометаната СЕХА лига беа надиграни од домашната Војводина.
Домаќините славеа со 29:24, а победата не беше доведена во прашање во ниту еден дел од натпреварот во кој битолчани не покажаа ништо од најавената тактика и борба за успех.
Слабостите на Еурофарм Пелистер посебно дојдоа до израз во второто полувреме кога новосаѓани од минута во минута го зголемуваа водството преку разиграните Милиќ, Роган и Пуковски.
Единствена светла точка кај битолчани беше репрезентатицевот Костески кој постигна седум голови, но недоволно за поволен резултат на првиот натпревар од годинешниот серијал натпревари во ракометата СЕХА-лига.