– Англискиот фудбалски репрезентативец Маркус Рашфорд ја одбил понудата од актуелниот француски првак ПСЖ за месечна плата од 1,8 милиони евра, бидејќи сака да остане во својот сегашен клуб Манчестер јунајтед.
Специјализираниот фудбалски портал „Атлетик“ наведе дека на Рашфорд му била понудена месечна плата од 450.000 евра, но истата ја одбил со образложение дека е задоволен од статусот во Јунјатед и концентриран на живот во Манчестер.
На 44 натпревари оваа сезона Рашфорд постигна 27 голови и во завршницата влегува како клучен фудбалер на Манчестер јунајтед.
Пазарната вредност на англискиот репрезентативец се проценува на 70 милиони евра.
Рашфорд има договор со Манчестер јунајтед до лето 2024 година, а британските медиуми веќе шпекулираат околу потпишување нов договор.