Реакција од Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Дарио Николовски од СДСМ
На хавариите дефектите и испадите на блоковите во РЕК Битола им нема крај. Во четвртокот се случи тешка хаварија во РЕК Битола на Блок 3 и истиот е надвор од енергетскиот систем после неполни 40 денови од монтажата на новиот трансформатор, купен неодамна во сомнителна зделка со тешки провизии.
ВМРО ДПМНЕ веќе подолг период предупредува за непланскиот ископ во рудниците во РЕК Битола и јагленот со лош квалитет кој се носи од увоз! Комбинацијата од овие два типови на јаглен подржана со канцероген мазутот со лош квалитет, како и нестручното раководење со термоелектраната довело до затрупување на котелската постројка со шљака и земја од рудниците на речиси 20 % од котелската постројка што доведе до ‘’плански испад ’’ на Блок 3.
Додека сето ова се крие од јавноста, СДС се препелка држејќи смешни прес конфернции за нивните „успеси“ во енергетиката.
Го повикуваме раководството на РЕК Битола да одговори зошто ја крие оваа тешка хаварија со далекусежни последици за Блокот 3?
Дали со криењето зад плански застој се крие планско уништување на стожерот на македонската енергетика и пеколен план за негово затворање?
Дали зад ваквите плански испади на БЛОК 1 минатата недела, планскиот ремонт на БЛОК 2 на сред грејна сезона се крие бизнис за увоз на струја во кој се наплаќаат тешки провизии од фирми блиски до власта за увоз на струја? Да потсетиме дека вакви фирми за увоз речиси без малце имаат сите челници на власта како синот на бившиот премиер и синовите на речиси сите челници од ДУИ.
Ако на ова се додаде и фактот дека во последните пет години не се правени ремонти на блоковите на термоелектраните, а парите се потрошени во договори во четири очи, тогаш со право може да се заклучи дека состојбата со РЕК Битола е алармантна!
Ја потсетуваме јавноста дека зголемените цени на прехрамбените производи поради кои народот едвај врзува крај со крај се резултат на лошите енергетски политики на СДС. Секому му е јасно дека големите компании и малите потрошувачи работат со загуби поради зголемените цени на струјата, која во определени периоди се покачи за 4-5 пати. Цената на струјата за домаќинстваат е за 40 % зголемена од како почнаа да ги редат „успесите“ во енергетиката.
Тоа е факт кој не може да се избрише со прес конфернции и лаги!
На партиските војници кои излегуваат на прес им препорачуваме да си ги сминат „розевите“ наочари и нека пробаат да преживеат со 20000 денари во еден месец, со инфлацијата која СДС ја создаде последната година.