Иднината на Килијан Мбапе е тема за која доста често се пишува. Дали одличниот Французин ќе остане во ПСЖ и ќе потпише продолжување на договорот или според бројните најави следното лето ќе му се приклучи на Реал Мадрид, чија понуда наводно веќе ја прифатил, а потоа ја одбил во последен момент ? Тоа е приказна која трае долго време, но досега не е реализирана.
Според новинарот на Bild, Тоби Алтшафле, Реал Мадрид има подготвена опција Б доколку планот со Килијан Мбапе не успее. Имено, се вели дека „Кралскиот клуб“ се заинтересирал за Џамал Мусиала, 20-годишниот германски репрезентативец и член на Баерн Минхен.
Но, Џамал Мусиала е под договор со Баерн Минхен до летото 2026 година и неговата пазарна вредност е 110 милиони евра, па Реал Мадрид ќе мора да потроши огромна сума за него, додека Килијан Мбапе може да го доведе без обештетување, се разбира, доколку го стори тоа да не потпише нов договор во меѓувреме со парискиот гигант.
Џамал Мусиала оваа сезона настапи на 13 натпревари за Баерн Минхен, постигнувајќи 4 гола и 3 асистенции. Интерес за негово доведување покажа и актуелниот европски шампион Манчестер Сити, па Реал Мадрид ќе има сериозна конкуренција.