Регулаторната комисија за енергетика најави дека идниот месец парното ќе се намали за 3,16 отсто за домаќинствата, без субвенциите. За останатите потрошувачи, вклучително и училишните установи и стопанските објекти, парното ќе се намали за 17,3%. Според Блилимовски, за ваквата одлука придонесе стабилизирањето на цените на природниот гас, со што се елиминира потребата од дополнителни субвенции за греење.
„Најголемиот систем во градот, кој брои 59 илјади потрошувачи, парното ќе се намали за 3,16% за семејствата. Цените на парното за сите останати потрошувачи кои не се домаќинства, училишни установи и други стопански објекти ќе се намалат за 17,3%. Ова е цената на домаќинствата за намалување од 3,16% без субвенции. За субвенционирање на парното во Град Скопје во изминатиот период од државниот буџет беа издвоени околу 12 милиони евра. Цените на природниот гас се стабилизираа и од тука не гледам причина да има субвенции за цената на парното во град Скопје“, рече Марко Бислимовски.
За останатите , цената во Скопје Север поевтинуваат за 1,70%.
„Исто така за останатите системи, цената во Скопје Север за домување е намалена за 1,70% за останатите 17,22%. Во С.А.„Електроцентралет е Македонија“ парното за домаќинствата се намалува за 0,5%, додека за останатите е околу 40%“, рече Бислимовски.
Бислмиовски додаде дека температурите во становите ќе се задржат на 21 Целзиусов степен. Во меѓувреме, реформите во системот за греење ќе помогнат топлинската енергија да се произведува на одржливо ниво и ефикасно да се користи.