РЕЈТИНГОТ НА ДОНАЛД ТРАМП ВО ПОСТОЈАН РАСТ – Обвиненијата наместо да му наштетат, му помагаат во трката за претседател на САД: “Ќе им се предадам на радикалните левичари“

Доналд Трамп најави дека во четврток планира да се предаде на судот во американската сојузна држава Џорџија, која сака да му суди за незаконско мешање во изборите. Неговите адвокати постигнаа договор со државното правобранителство во Атланта дека тој ќе плати 200.000 евра кауција за да остане на слобода во очекување на судењето. Тој нема да мора да биде приведен, освен ако не се заканува и заплашува сведоци, пренесува BBC News.

Доналд Трамп, заедно со 18 соработници, е обвинет дека водел здружен злосторнички потфат за манипулирање со изборните резултати кога го повикал претседателот на Изборната комисија во Џорџија сакајќи да ја обезбеди неговата победа на претседателските избори во 2020 година. Тој го прашал републиканскиот државен секретар на Џорџија, Бред Рафенспергер, за време броењето на гласачките ливчиња „да најде 11.780 гласови“, колку што му требало за да ја поништи тесната победа на Џо Бајден во таа сојузна држава.

Доланд Трамп

Обвинетиот нема да преземе никакви дејствија за заплашување на кое било лице за кое знае дека е сообвинет или сведок во овој случај или на друг начин да го попречува спроведувањето на правдата“, се вели во документот објавен во понеделникот. Договорот ги опфаќа објавите на социјалните мрежи, како и споделувањето на туѓи објави, а го потпишаа окружниот обвинител на округот ФултонФани Вилис и адвокатите на Доналд Трамп.

Доналд Трамп веднаш објави на својата социјална мрежа: „Можете ли да поверувате ? Одам во Атланта во четврток за да ме уапси радикалната левичарска окружна обвинителка Фани Вилис. Таа водеше кампања и продолжува да води кампања и собира пари за овој ‘ЛОВ НА ВЕШТЕРКИ’. Ова е во тесна координација со корумпираниот оддел за правда на Џо Бајден“.

Обвинителството бара рочиштето на кое Доланд Трамп ќе ја признае вината да биде закажано за 5. септември, а судењето да започне во март. Во пресрет на пристигнувањето на Доланд Трамп, пред судот во Фултон беа подигнати барикади, јавува BBC. Од кабинетот на шерифот најавија дека барикадите ќе останат до сабота. До петок напладне сите 19 обвинети треба да се пријават на работа во притворот во Фултон.

Доланд Трамп ги отфрли обвинувањата како политички мотивирани и не се откажува од трката за републиканска номинација во 2024 година. Тој најави дека нема да учествува на првата републиканска ТВ дебата во средата навечер. 

Јавноста знае кој сум јас и колку сум успешен како претседател“, порача тој преку својата социјална мрежа.

Прелиминарните избори за републиканскиот кандидат треба да започнат на 15. јануари 2024 година. Според анкетите, најновото обвинение од Џорџија само ја зајакна поддршката што Доналд Трамп ја ужива меѓу републиканците.