,,Родила тројка, а кога таткото ги видел почнал да плаче” – Не го очекуваше тоа изненадување, тој момент ќе го памети додека е жив (фото/видео)

Случајна средба, голема љубов, брак, а потоа и факт што ќе ја затресе земјата под нивните нозе.

,,Нема да можеш да имаш деца“, дознаа од докторот. Откако ги направија тестовите, беше јасно дека човекот е стерилен.

Меѓутоа, судбината имала други планови за нив, па со текот на годините нивното семејство почнало да расте откако посвоиле две деца, а потоа преку Ин Витро жената забременила и родила три мали деца со црна кожа. Нејзиниот сопруг засекогаш ќе го памети тој ден.

Арон Халберт, Рејчел Халберт

Арон и Рејчел Халберт работеле како презвитеријански мисионери кога се запознале и се вљубиле. Наскоро се венчаа и почнаа да планираат деца. Меѓутоа, набрзо дознале дека Арон имал репродуктивни проблеми.

Тој се чувствувал виновен, па дури и предложил посвојување на сопругата, на што таа не се согласила веднаш. Сепак, двојката набрзо добила можност да посвои две прекрасни деца, па Рејчел сфатила дека мора да се откаже од сопственото дете и да им помогне на децата на кои им е потребен дом.

Додека Арон растел со мисионерско семејство во Хондурас, тој и Рејчел посвоиле две афроамерикански деца и ги сакале како да се нивни. Иако немале намера да имаат повеќе деца, преку пријател во Мисисипи слушнале за Националниот центар за донација на ембриони, христијанска банка за ембриони што ги „спасува“ вишокот замрзнати ембриони кои произлегуваат од третманите со Ин Витро.

Потоа решиле да се обидат да оплодат два ембриони, кои исто така носеле афро-американски генетски материјал.

Не чекаа долго кога ја слушнаа добрата вест. Рејчел беше бремена. И таа носеше близнаци. Сепак, изненадувањата не завршија тука за парот од Мисисипи. Еден ембрион се подели и Рејчел родила тројка во 2016 година.

Арон Халберт, Рејчел Халберт

Кога конечно со свои очи ги видел долгоочекуваните бебиња, Арон не можел да престане да плаче, а за американскиот „Вашингтон пост“ изјавил дека денот во болница ќе го памети до крајот на животот.

Иако не делеле иста ДНК или етничка припадност со нивните пет деца, тие често истакнуваат дека се многу горди што се нивни родители, иако често добиваат чудни и љубопитни погледи на улица.

„Ние само го живееме нашиот сон. Можеби не изгледаме како просечно семејство, но сме благодарни за сè. Убавините на мултиетничкото семејство го прават нашето семејство побогато и поисполнето.

Тоа ве поттикнува да размислувате на нов начин, го менува начинот на кој размислувате, зборувате, дејствувате и живеете. 

„Има нешто убаво и инспиративно во тоа да се биде единствениот бел човек кој седи наоколу и разговара со моите пријатели Афроамериканци додека мојот син се шиша во сабота наутро“, објасни еднаш Арон за американските медиуми.

Рејчел го опиша целиот процес и нивното досегашно искуство како „убав и уникатен“, а им се заблагодари на родителите кои ги даруваат своите ембриони за нивната „храброст и несебичност“.