Рома на чекор до потписот на Хумелс

– Раководството на Рома е блиску да го обезбеди потписот на поранешниот дефанзивец на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс, пишува денеска „Газета дело Спорт“.

Според италијанскиот весник, спортскиот директор на Рома, Флорент Гизолфи, стапил во контакт со агентот на германскиот фудбалер за да разговараат околу можноста за негов трансфер ова лето.

Триесетипетгодишниот фудбалер одигра вкупно 508 натпревари за Борусија, постигнувајќи 38 голови и 23 асистенции.

Хумелс со клубот од Дортмунд стана двократен шампион на Германија, двапати го освои националниот куп и Суперкупот, а двапати стигна и до финалето на Лигата на шампионите.