РУМЕН РАДЕВ ОСТАНА БЕЗ “ПРИВИЛЕГИИ“ !? Парламентот во Бугарија ги намали овластувањата на прорускиот претседател

Во средата, Парламентот во Бугарија ги усвои уставните амандмани со кои се ограничуваат овластувањата на прорускиот претседател на нашиот источен сосед, Румен Радев.

Западната владејачка коалиција ПП-ДБ (Промените продолжуваат Демократска Бугарија) и ГЕРБ-СДС (Граѓаните за европски развој на БугаријаАлијанса на демократски сили), заедно со турската партија МРФ (Движење за права и слободи) го поддржаа нацрт-законот во трето и последно читање.

Двотретинското мнозинство гласови потребно за усвојување на уставните амандмани беше тесно постигнато со 165 од вкупно 240 гласови, јавуваат соседните медиуми.

Тоа значи дека претседателот ќе има помала улога доколку падне коалициската Влада и во тој случај повеќе нема да може да го распушти парламентот.

При назначувањето на преодниот премиер, претседателот во иднина ќе може да избира само меѓу претседателот на парламентот и членовите на тесниот круг високи владини функционери.

По гласањето, Румен Радев најави дека амандманите ќе ги достави до Уставниот суд, сметајќи дека тие можат да ги поткопаат темелите на демократска и суверена држава.

Премиерот на БугаријаНиколај Денков, кажа дека претседателот е заинтересирана страна за ова прашање и затоа не може да биде објективен.