Милијардерот Руперт Мардок пред неколку месеци ја раскина свршувачката со 25-годишната вереница, а сега веќе има нова девојка со која е виден на јахта која ја запознал преку поранешната сопруга.
По ненадејниот прекин на свршувачката со радио водителката Ен Лесли Смит, странските медиуми пишуваат дека Руперт бил забележан на јахта со својата нова девојка, научничката Елена Жукова.
“Тој ја има енергијата на луѓето од половина негова возраст. Можеби повторно ќе биде заљубен”, рекол извор за US News.
Нивната јахта била закотвена во близина на Крф, а Дејли Мејл пишува дека Елена е пензиониран 66-годишен молекуларен биолог и мајка на познатата руска убавица Даша Жукова, која беше во брак со претседателот на англискиот клуб Челзи, Роман Абрамович.
Инаку, Даша е пријателка со поранешната сопруга на Руперт, Венди Денг, а Даша ги запознала, вели изворот.
„Тие се запознале преку Венди и веднаш кликнале“, вели изворот.
Ова лето Мардок планираше да се ожени со Ен Лесли, но во април беше откриено дека тоа нема да се случи.
„Разговараа и се договорија дека е подобро и двајцата да се разделат“, изјави пријател на двојката за Daily Mail, кој откри и дека Смит не може да се справи со медиумското внимание.
„Тој е свесен дека засекогаш ќе биде под очите на јавноста и дека ништо не може да направи за да го промени тоа“, додаде тој.