Русин и платил на проститутка во Белград, слушнал тропање на вратата, а потоа вечерта му се претворила во пекол…
Полицијата во Белград трага по тројца млади момчиња кои се осомничени дека синоќа ограбиле руски државјанин (47 г.) во стан што го изнајмил за да ја помине вечерта со проститутка.
Очигледно во еден момент некој му тропнал на Русинот на врата.
„Русинот објасни дека се работи за тројца млади момчиња. Дека разговарале за нешто, дека потоа му побарале пари и го удриле неколку пати по глава. Му рекле дека ќе го убијат ако не ги предаде сите пари што ги има со себе“, објаснува соговорник за српски Telegraf.
Неофицијално, рускиот државјанин рекол дека преку оглас нашол „девојка за дружење“. Дека не знаел ништо за неа, ниту дека ги познава напаѓачите.
Истрагата е во тек, а истражителите ќе утврдат дали девојката има врска со грабеж или се работи за случајност.
За случајот е известено и надлежното обвинителство.