“Русите ги користат сателитите на Илон Маск на линијата на фронтот, се знае и како ги добиваат!“ – Милијардерот му помага на Владимир Путин !?
Руските сили добиваат пристап до сателитите „Starlink“ илегално преку трети земји и сè почесто ги користат на бојното поле, соопшти во понеделникот за медиумската агенција Reuters портпаролот на украинската воена разузнавачка служба, без да објасни како знаел за тоа.
Воениот функционер Андриј Јусов вели дека се прават напори да се спречат руските сили да користат сателитски интернет терминали, произведени од компанијата SpaceX на Илон Маск, за да ги координираат нападите во окупираните делови на Украина.
„Шверц од трети земји“, одговори Андриј Јусов на прашањето како руските сили ги набавуваат овие уреди.
„Употребата на линијата на фронтот е зголемена“, вели тој.
На прашањето дали Украина се обидува да го спречи, тој одговори дека работат на тоа.
Во понеделникот Кремљ потврди дека терминалите не се сертифицирани за употреба во Русија, ниту се официјално набавени и затоа не можат да се користат. „Starlink“ тврди дека не соработува со руската Влада или Армија.
Според соопштението од 8. февруари, терминалите на „Starlink“ не се активни во Русија и SpaceX никогаш не продавал или рекламирал услуга во Русија или испорачал опрема на локации во Русија. Терминалите на „Starlink“, кои обезбедуваат брза интернет услуга, беа испратени да и помогнат на Украина по руската инвазија во февруари 2022 година и се клучни за комуникациите на првата линија на Украина.