Министерот за одбрана на Украина Кирило Буданов најави дека Украинците нема долго да чекаат на одговор по серијата руски ракетни напади врз Киев.
Буданов рече дека денешните напади не успеале да ги заплашат луѓето во главниот град на Украина.
Украинските власти претходно објавија дека сите проектили се соборени и дека нема извештаи за жртви.
Сепак, остатоците од пресретнатите проектили паднале во станбени области во центарот на Киев. Нападите утринава уследија по две ноќи тешки напади со беспилотни летала.
Киев претрпе 16 воздушни напади овој месец.
Последниот напад беше невообичаен по тоа што се случи во текот на денот и се чинеше дека го таргетираше центарот на градот, додека другите напади врз Киев во мај беа ноќе и беа насочени кон клучната инфраструктура или противвоздушната одбрана на периферијата.
Буданов истакна дека сакал да им даде до знаење на приврзаниците на Русија дека Киев не бил потресен од нападот и дека по него продолжиле да работат.
„Сите оние кои се обидоа да не заплашат, сонувајќи дека тоа ќе има некаков ефект, многу брзо ќе се покаете. Нема да чекате долго за нашиот одговор“, додаде тој во соопштението објавено од украинското Министерство за одбрана.
Руските власти тврдат дека во нападите биле погодени сите цели. Сирените за воздушен напад се огласија и во неколку други украински региони. Локалните воени команданти во Киев ја обвинија Русија дека ја менува тактиката и намерно го гаѓа цивилното население.