РУСИТЕ НЕМА ДА ЗАСТАНАТ НА ГРАНИЦАТА: Американскиот државник претстави морничаво сценарио во случај на победа Русите во Украина
Поранешниот американски потпретседател и републикански претседателски кандидат на изборите следната година, Мајк Пенс, смета дека поддршката за Украина е неопходна.
Тој очекува дека ако Киев биде поразен, руската армија ќе ја премине границата на една од земјите на НАТО, принудувајќи ја американската војска да се бори за сојузниците.
„Очекувам дека ако Русија ја победи Украина, нема да помине долго пред руската армија да ја премине границата, кога нашите мажи и жени во униформи ќе треба да тргнат во битка“, рече тој во интервју за NBC News.
Пенс истакна дека може да се работи за преминување на границата на „сојузниците на НАТО – Полска, Естонија, Летонија, Литванија“.
Според претседателскиот кандидат, сегашниот скептицизам меѓу Американците во однос на воената поддршка за Украина е „одраз на недовербата во претседателот Џо Бајден како врховен командант“.
„Во наш национален интерес е да ја видиме руската војска истисната од Украина, а не Џо Бајден да зборува за големи демократски цели“, рече Пенс, додавајќи дека тоа исто така ќе испрати сигнал до Кина за Тајван или на друго место во азиско-пацифичкиот регион.