Русите соопштија дека постигнале голем успех на фронтот: „Останаа само 2,9 квадратни километри“ (ФОТО)
Основачот на „Вагнер“ Евгениј Пригожин денеска изјави дека борците на таа воена чета напреднале до 230 метри во Бахмут, во различни правци, а 2,9 квадратни километри од градот останале под контрола на Украина, објави прес-службата на Пригожин преку Телеграм.

„Денес единиците на Вагнер напредуваа до 230 метри во различни правци и окупираа 58.000 квадратни метри непријателска територија“, рече Пригожин, пренесува ТАСС.
Бахмут се смета за важен транспортен центар за снабдување на украинските потреби во Донбас, а таму се водат најжестоките борби веќе неколку месеци.