Русија бомбардира станбени згради во Харков, Зеленски објави драматична снимка

Русија удри во станбена зграда во североисточниот украински град Харков, при што загинаа најмалку три лица, а 31 лице беа повредени.

Нападот, чија цел била облакодер и други станбени области, според Украинците бил извршен со помош на крстосувачки ракети.

„Цели на руските бомби се станбени згради, пекара, стадион…односно секојдневието на обичните луѓе“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Русите се повеќе користат водени бомби од советската ера опремени со крила и сателитска навигација.

Овие ракети беа употребени во мајските напади во Харков и за прв пат беа употребени во градот Запорожје во неделата навечер.

Украинските власти соопштија дека Русија извршила седум воздушни напади на КАБ, при што биле повредени најмалку 21 цивил во нападите врз 13 станбени згради и два образовни објекти.

Инаку, Русија ја започна неоправданата инвазија на украинската држава на 24 февруари 2022 година, предизвикувајќи илјадници жртви и голема материјална штета.