,,Русија изгуби половина од борбената способност“ – Шокантни податоци изнесе британскиот началник за одбрана (фото)

Шефот на британската одбрана, адмирал Тони Радакин, на вчерашното парламентарно сослушување изјави дека Русија изгубила речиси половина од своите борбени способности во Украина.

– Русија изгуби речиси половина од борбената ефикасност на својата армија – рече Радакин и додаде дека руската армија истрела 10 милиони артилериски гранати во 2022 година, а во најдобар случај може да произведе еден милион гранати годишно.

Исто така, руската армија загуби 2.500 тенкови, а во најдобар случај може да произведува 200 тенкови годишно.

Радакин го опиша рускиот напад врз Украина како „катастрофален неуспех за Русија“ и ги пофали успесите на украинската војска во сегашната контраофанзива.

– Дури и во последните неколку недели Украина врати повеќе територии отколку што Русија зеде минатата година – рече Радакин.

Велика Британија е втора по САД по воена помош за Украина. Во мај 2023 година, премиерот Риши Сунак вети дека ќе испорача стотици проектили за воздушна одбрана и беспилотни летала на украинската војска.