Русија може да ги замрзне имотите на странците што ги санкционираше

– Рускиот претседател Владимир Путин ја одобри одлуката со која се дозволува замрзнување на имотот на странски државјани и институции под санкции.

Според одлуката потпишана од Путин, средствата што им припаѓаат на лица и институции на кои Русија им воведе санкции ќе бидат замрзнати.

Одлуката со која се овозможува и забрана за прекуграничен трансфер на пари на санкционирани странци ќе стапи на сила во рок од 180 дена.

Со оваа одлука се забранува и трансфер на пари преку банки на институции или лица во странство што се под руски санкции.