Заменик-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабаков откри дека Русија официјално го отфрлила планот на американскиот претседател Доналд Трамп да стави крај на војната во Украина.
Рјабков рече дека Америка „не го зела предвид главното барање на Русија“ и нема да го прифати планот што го подготви администрацијата на Трамп.
„Се уште не сме виделе сигнал од Трамп до Киев дека оваа војна треба да заврши“, изјави Рјабков за рускиот магазин International Affairs.
Тој исто така рече дека Русија „видела само некои шеми“ кои „ќе доведат до други шеми“ и дека „на крајот ништо нема да излезе од тоа“.
Иако Доналд Трамп во своите планови ја отфрли можноста Украина да влезе во НАТО, што беше едно од клучните барања на Русија за прекин на војната, рускиот претседател Владимир Путин се уште не прифаќа никаков договор за прекин на конфликтот во Украина.
Трамп претходно го критикуваше Володимир Зеленски, лидерот на Украина, дека е скептичен во врска со плановите за ставање крај на војната во Украина.
Сепак, под голем притисок, Зеленски се согласи и го прифати договорот со кој би се прекинала борбата на еден месец, како и другите договори, пред сè, оној што ќе им даде контрола на САД врз експропријацијата и продажбата на украинските ретки минерали.
Без разлика, Русија не ги прифати плановите за завршување на војната, па дури и го прекрши, како што тврди Зеленски, договорениот прекин на ударите врз енергетската инфраструктура, што беше резултат на разговорите во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад.