Русија потпиша – до крајот на годината…

Рускиот енергетски гигант Газпром и кинеската нафтена компанија ЦНПЦ денеска во Пекинг потпишаа договор за дополнителни испораки на руски гас за Кина до крајот на годината.

„Во Пекинг се одржа работен состанок на извршниот директор на Газпром Алексеј Милер и претседателот на Управниот одбор на ЦНПЦ Даи Хулијанг. Страните разговараа за широк спектар прашања од билатералната стратешка соработка“, се вели во пораката на Телеграма на каналот Газпром.

Во пораката се додава дека Газпром и ЦНПЦ на оваа средба потпишале договор со кој се предвидува дополнителен обем на испораки на руски гас по источната рута до крајот на 2023 година, пренесува РИА Новости.